Грција воведува задолжително носење маска во продавници, фурни, месарници, фризерски салони

by Frosina Fakova

Во продавниците за малопродажба, во продавниците за храна, како што се фурни и месарници, во јавните служби што работат со странки, како и во фризерските и козметичките салони, Грција од утре воведува задолжително носење маска, како за граѓаните, така и за вработените, а за прекршување на мерката предвидена е казна од 150 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на денешната прес-конференција, соопштувајќи ја одлуката порача дека граѓаните ќе треба да научат да живеат со маска.

Додаде дека освен новата мерка, продолжуваат да важат правилата за користење маска во супермаркети, јавен превоз, болници и слично.

Поврзани новости