Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас на амбасадорот во Белград му наредил да достави демарш до српските власти по падот на украинскиот авион кој полета од Ниш СО 11,5 тони муниција.
Грција смета дека Србија требало да ги информира што точно пренесувал авионот кој се урна кај Кавала во саботата.
Оружјето од Ниш требало да стаса во Дака, за потребите на Министерството за одбрана на Бангладеш, а го доставувала фирмата „Валир“.
За недостигот на информации и за потребата грчката страна однапред да била информирана за видот на товарот што го пренесувал украинскиот авион што се урна во близина на Кавала, Грција, освен до Србија, достави демарш и до Украина.
Украинското Министерство за одбрана денеска изрази сочуство до семејствата на загинатите.
Во авионската несреќа загинаа осум членови на екипажот, сите Украинци. Телата се предадени на обдукција.