Во телевизиско обраќање, грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, објави дека меѓународните летови до туристичките дестинации ќе започнат повторно од 1 јули, а туристичката сезона во Грција официјално ќе започне на 15 јуни.
Медицинските лица ќе земаат примероци за тестови на коронавирус на грчките аеродроми, и затоа е решено дека нема потреба од тестирање пред да се пристигне во Грција.
Исто така, нема да има 14-дневен карантин за патниците кои пристигнуваат во Грција.
Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, рече дека најпрво ќе бидат вратени летовите на меѓународниот аеродром во Атина, уште на 15 јуни, а до 1 јули ќе бидат отворени сите аеродроми.
Првите туристи ќе бидат од земји каде епидемиолошките податоци се охрабрувачки и се споменуваат Балканот и земјите од северна Европа.
Теохарис рече дека властите ќе ги зголемат здравствените капацитети на неколку туристички дестинации во форма на повеќе тестови и лекари, како и оперативен план за згрижување на евентуално заболени лица (хотелски лекар, области за карантин и да се пренесување во здравствена установа).