Грција на 14 мај ќе ги отвори границите за македонските државјани

by fokus

Грција останува на ставот дека од 14 мај ќе ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

За влез во Грција граѓаните ќе треба да приложат сертификат дека се вакцинирани или негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.

„Вчера разговарав со грчкиот министер за туризам Теохарис, кој потврди дека грчката влада сè уште е на ставот, и за тоа во периодот што следува и официјално ќе нè извести, дека границите ќе се отворат на 14 мај. И за влез во Грција ќе биде потребен или сертификат од вакцина, по овој терк што ние го имаме, или што го издава Србија, или алтернативно ПЦР-тест не постар од 72 часа. И ова важи за сите земји, за некои земји ќе може, не знаат сè уште дали и за нашата, ќе може да се влезе и со потврда за негативен брз антигенски тест и за тоа ќе нè известат во следниот период“, рече Филипче.

Оние што се вакцинираа во Србија, како што објасни, ќе може да го користат документот што им го издале српските здравствени власти.

Поврзани новости