Грција ќе испрати писмо до Гутереш за труските провокации

by Fokus

Грција ќе испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш „во кое целосно ги побива едностраните и непостоечки тврдења на Турција за островите во Егејското Море“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори, а информацијата ја потврди и портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

– На генералниот секретар на Обединети нации денеска ќе му се достави писмо со позициите на грчката Влада за низа прашања што ги побива неоснованите тврдења на турската страна. Секогаш, и на нашите партнери и на нашите сојузници им ги истакнуваме прашањата поврзани со турските провокации и секогаш сме во позиција да ги браниме нашите суверени права врз основа на меѓународното право, но и да го браниме и меѓународниот легитимитет, истакна Иконому.

Тој додаде дека, ова, традиционално е грчката позиција, што им е позната на партнерите и „земјата смирено и решително континуирано ќе чекори по овој пат“.

Поврзани новости