Грција ја намалува важноста на потврдата за прележани од Ковид-19

by fokus

По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три месеци.

Од минатата седмица промени има и во однос на начинот на издавање на потврдата.

Министерот за здравство Танос Плеврис соопшти дека потврдата за прележан Ковид-19 ќе се издава само со направен ПЦР тест, а не со рапид тест како што беше пракса досега.

-Кога некој е позитивен дали со рапид или со селф тест ќе може да влегува во карантин, но за да има потврда за прележана болест ќе треба да направи ПЦР, објасни во четвртокот министерот за здравство на Грција.

Поврзани новости