Грција, Хрватска и уште десет членки на Европската Унија ги договорија критериумите за издавање на таканаречените „ковид пасоши“, кои би требало да гo олеснат патувањето и да ја спасат летната туристичка сезона.
-Наша цел е „ковид пасошите“ брзо и ако е можно во единствен облик да се применуваат на ниво на целата Европска Унија. Ние се бориме за опстанок на европскиот туризам – изјави австриската министерка за туризам Елизабет Кестингер.
Грција, Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Италија, Малта, Португалија, Шпанија и Словенија уште кон крајот на март договорија седум критериуми за „ковид пасошите“, кои би требало да почнат да се применуваат најдоцна во почетокот на јуни.
-„Ковид пасошот“ преку Кју-Ар кодот веднаш ќе дава информации дали лицето е вакцинирано, дали има негативен ПЦР тест или ја прележало болеста. Со тоа ќе се овозможи негова едноставна примена во цела Европска Унија, и на аеродроми и во селски гостилници – додаде Кестингер.
Европската комисија во следните денови треба да донесе конечна одлука за примената на пасошите, а потоа тие ќе се усогласуваат и со трети земји.