Грција, Бугарија и Албанија ја осудија Русија, Хрватска отворена за бегалци од Украина

by Фокус

Осуда на рускиот напад врз Украина и повик Русија да ги прекине воените дејствија изразија Македонија, но и сите земји од регионот.

„Ја повикуваме руската страна веднаш да ги прекине воените дејствија, кои покрај другите сериозни последици, ги ставаат во опасност животите на цивилите, вклучително и грчката заедница која живее во Украина. Изразуваме солидарност за Украина“, соопштуваат од грчкото МНР.

Остро ја осудуваме руската воена агресија врз Украина, напиша и бугарскиот премиер Кирил Петков на Твитер за ситуацијата во Украина.

„Употребата на воена сила против суверена држава е неприфатлива во 21 век“, порача Петков.

И премиерот на Албанија Еди Рама на Твитер напиша дека Албанија се придружува  на сојузниците на НАТО и на Европската унија, порачувајќи дека мислите и молитвите се со украинскиот народ.

„Им се придружуваме на сојузниците на НАТО и ЕУ во острата осуда на руската агресија. Нашите мисли и молитви се со украинскиот народ“, напиша Рама на Твитер.

Истовремено, пратеникот во хрватскиот Парламент и член на Комисијата за надворешна политика Бојан Главашевиќ изјави дека во собраниското тело интензивно се разговарало за бранот бегалци од Украина и оти ставот на парламентарното мнозинство е крајно отворен за можноста да се примат повеќе бегалци од оваа земја.

Поврзани новости