Грција бара Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ

by Фокус

Ги повикуваме нашите европски партнери да покажат поголема храброст и да му дадат нов поттик на процесот на проширување на ЕУ и да не ја остават настрана историската и геополитичка димензија на ова прашање, истакна министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас.

-Одлуката за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија би бил одлучувачки чекор во таа насока – изјави Дендиас во интервју за информативниот портал „Њузбомб“.

Шефот на грчката дипломатија објаснува дека за регионот на Западен Балкан процесот на пристапување во ЕУ е „единствениот безбеден пат за мир, стабилност, реформи и просперитет, тоа е начин регионот да може да оди напред, оставајќи го зад себе она што обично го нарекуваме балканско минато“.

Поврзани новости