Грција: Ако ние одбиевме, Бугарија или Турција ќе го надгледуваа македонското небо

by Фокус

Во врска со Договорот од Преспа, одиме напред почитувајќи го меѓународното право и барајќи иста перцепција и од соседната држава, вели министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз“.

-Секако, во оваа насока, минатата седмица беше одобрена и стапи во сила билатералната соработка за надзор на воздушниот простор на оваа држава од нашето воено воздухопловство. Ако не го сторевме ние, апсолутно подготвени да го направат тоа беа како Бугарија, која е силно негативна за Договорот од Преспа, така и Турција, која демне да ја искористи секоја можност за зголемување на влијанието на Балканот- вели Панајотопулос.

Минатиот понеделник, началникот на Генералштабот на Република Северна Македонија, генералот Васко Ѓурчиновски и началникот на одбраната на Грција, генералот Христос Христодулу во Солун потпишаа Технички аранжман за надзор на воздушниот простор што претставува официјализирање на мисијата „Air– policing“, а ќе се реализира во координација со НАТО.

Поврзани новости