Грозоморно злосторство во Романија – ја убиле затоа што малку заработувала како проститутка

by Fokus

Ново страшно злосторство го потресе Балканот, по откривањето на телото на девојка (31) која била претепана до смрт, а нејзиното тело потоа било спакувано во куфер и фрлено.

Грозоморно убиство се случи минатата недела во Велики Варадин, Романија, а телото беше пронајдено на паркинг во станбен комплекс.

Истрагата утврдила дека убиената девојка и нејзината сестра биле принудувани на проституција. Наводно во целата приказна е вмешан и познаник од нивното родно село, а се верува дека девојката е убиена затоа што „не заработувала доволно“. Полицијата уапсила тројца осомничени.

Маж и жена, родуми од Бихор, се приведени под сомнение дека биле дел од синџир за проституција во Велики Варадин. Се сомневаат дека имале два стана во градот, каде што ја принудувале убиената девојка на проституција. Токму во еден од тие станови девојката била претепана до смрт.

Се претпоставува дека девојката ја тепале додека не починала, а потоа по наредба на газдата, телото го спакувале во куфер и го оставиле на паркингот на станбен комплекс од другата страна на градот.

– Убиената и нејзината сестра биле изложени на физичко и психичко насилство, а за делото се осомничени три лица. Жртвите биле изгладнети и држени во нехумани услови, во еден тоалет – соопшти обвинителството.

Шефот на синџирот за проституција знаел дека двете сестри се во лоша финансиска состојба, поради што ги измамил и тргувал со нивните тела. Помладата сестра на убиеното девојче е во болница, бидејќи и таа била претепана.

Според обвинителството, се верува дека двете сестри дури биле принудени да ја продадат куќата на нивниот татко и да подигнат кредит. Родителите на двете девојчиња пред две години изгубиле секаков контакт со нив. Не се знае дали се обидувале да ги најдат.

Според медиумите, еден од тројцата осомничени на распитот ги признал делата.

Наводното убиство се случило за време на „казнување“ на две сестри, бидејќи повеќе не заработувале доволно пари преку проституција.

– Жртвата има повеќекратни скршеници на коските на лицето и на ребрата – рекле од болницата каде што е хоспитализирана помладата жртва.

Поврзани новости