Сите посетители од страна, кои ќе дојдат во Кавадарци на Тиквешки гроздобер, ќе добијат на подарок пакетче со асталско бело и црно грозје.
На трите влеза во градот ќе бидат поставени пунктовите со грозје, кое е подготвено во знак на добредојде.
-По иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, во деновите за Тиквешкиот гроздобер, петок, сабота и недела, на пунктовите поставени на трите бесплатни влеза во градот, сите гости освен упатства и насоки за паркирање, во знак на добредојде ќе добијат и по едно пакетче со асталско бело и црно грозје, донација од Кав Комерц Кавадарци.
Пакетчињата со грбот на Општина Кавадарци и логото на Тиквешкиот Гроздобер, се изработени во печатницата Гинис од Прилеп, информираат од општината.
И во годините наназад, гостите на Тиквешки гроздобер добиваа грозје на подарок.
Годинава манифестацијата започнува на шести септември, а ќе заврши на осми, со голем концерт на Ацо Пејовиќ. Се очекуваат десетици илјади посетители во тек на трите дена, за кои се предвидени забавни содржини како во тек на ден, така и во вечерните часови.
Вики Клинчарова