537
Методотот на уцени и закани што го применува лидерот на СДСМ Зоран Заев е својствен само на терористички организации, а не на современи политички партии, реагираат од владејачката ГРОМ на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
– Заев веројатно не мисли дека постои некој којшто ќе поверува дека странските разузнавачи со кои соработувал и мислат повеќе добро на земјата отколку власта која легитимно ја добила довербата од сопствените граѓани – рече Љупчо Пренџов од ГРОМ, кој е заменик-министер за локална самоуправа.