Гром удрил во авион на Ер Нов Зеланд, леталото морало принудно да слета

by Fokus

Авион на „Ер Њу Зеланд“ на лет за Тахити морал да се врати во Оукленд, Нов Зеланд, откако бил погоден од гром само 20 минути по полетувањето.

Летот NZ902 полетал од Оукленд, но набрзо потоа бил погоден од гром за време на турбуленции, пишува „New York Post“.

Директорот на авиокомпанијата, Алекс Марен рече дека авионот се вратил во Оукленд за техничарите да извршат проверка и да дозволат авионот да се врати во служба.

„За авион да биде погоден од гром не е невообичаено, нашите пилоти се обучени за такви ситуации. Сите патници беа префрлени на следниот лет“ – рече тој.

Поврзани новости