Гром уби фудбалски тренер во Бугарија

by Fokus

Во натпреварот во Бугарија во селото Лесичово се случи голема несреќа, откако гром го уби тренерот Иван Ранчев. Трагедијата се случила на пријателскиот меч помеѓу Лесичово и Ботев.

Како што пренесуваат медиумите од нашиот источен сосед, прво почнал силен дожд, а набрзо потоа се појавиле и грмотевици. Громот погодил и еден фудбалер кој за среќа преживеал и поминал со лесни повреди.

Поврзани новости