Од граѓанската опција за Македонија ГРОМ велат дека со чудење ги гледаат настапите и активностите на новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи како што додаваат, неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од 2019 година па наваму постојано зборуваа дека ќе го вратат уставното име.
„Најмалку што очекувавме е министерот да ги затвори шалтерите во МВР за издавање на лични документи и да каже: „Нема Северна Македонија! ВМРО-ДПМНЕ за три месеци доаѓа на власт и ќе го врати уставното име.
Напротив, тој уште не преспал, дојде со однапред подготвена стратегија како најбрзо да не претвори во северџани. Ништо од слоганот „Никогаш северна, само Македонија“! За жал, ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски паднаа на првиот колоквиум и тоа во техничка влада. Петгодишната лага и замајување на македонскиот народ излезе на виделина.
Ако по утрото се познава денот, исто вака ќе не изманипулираат за наводното репреговарање на француско-бугарскиот договор. Целта ги оправдува средствата. Во конкретниот случај, целта е „на врат, на нос“ да се дојде на власт преку добро познатото средство кое се вика лага иманентна за Мицкоски и неговата дружина од „Белата палата““ велат од Гром.
Оттаму додаваат дека наместо борба за уставното име и да се зачуваат пасошите со Република Македонија, Тошковски направил формална средба со грчката амбасадорка, излижал каде што плукала цела партија и побрзал што е можно повеќе Македонци да претвори во северџани.
„Еден поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој многу работеше, а малку лажеше, викаше: „Вистината е како шило. Врти, врти, врти и ќе излезе на површина!“ се вели во соопштението од Гром.