Гром им „отвори“ работа на кумановските пожарникари

by Fokus

Кумановската противпожарна единица по синоќешните силни електрични празнења имаше неколку интервенции на пожари на различни локации од градот, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Куманово.

Надлежните претпоставуваат дека гром ги предизвикал двата пожари кои се случија по 20.15 часот во кругот на „Ловечки дом“ на запалена сува трева и бор и пожарот на висока сува трева во близина на градските гробишта кај „Стојан Арсов“ кои се случија по 20 часот вчера.

На овие пожари интервенирале по петмина пожарникари, со по едно противпожарно возило.

– Се претпоставува дека двата пожари се настанати од гром-празнење и дошло до запалување, наведуваат од РЦУК Куманово.

Поврзани новости