Пожарот кој утринава во осум часот по локално грчко време ја зафати Света Гора, поточно шумите околу манастирите Пантократо и Велика Лавра го предизвикал гром, објавија грчките медиуми.
Според грчките медиуми по торнадото и силната бура со грмотевици што ја зафати оваа територија избувнал пожар, а според првичните информации, самиот пожар бил предизвикан од гром.
Голем број полициски и противпожарни бригади на Грција, кои се одговорни за подрачјето на Света Гора, се на терен, а покрај пожарот се соочуваат и со силен ветер кој го отежнува гасењето тоа.
Пожарот е далеку од ѕидовите на двата манастира и не се заканува да ги зафати.
Како што изјави Аристос Касмироглу, заменик командант на цивилниот поглавар на Света Гора, пожарот гори во непристапна клисура, што е уште една отежнувачка околност.
Според црковните лица ваквите пожари се вообичаени и на територијата на Света Гора и на територијата на цела Грција во овој период од годината, а пожарот е на голема оддалеченост од Хиландар.