593
Централниот одбор на ГРОМ едногласно го усвои предлогот на Извршниот одбор за влез на партијата во владината коалиција која ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, истакна дека не е случајно тоа што нивни човек ќе биде заменик-министер токму во ресорот локална самоуправа.
– ГРОМ треба да работи на зацврстување на локалните самоуправи и не случајно организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов, го предложивме за извршување на оваа обврска – рече Јакимовски.