Најновиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ предводен од актуелниот градоначалник на Карпош и поранешен функционер на ЛДП и на СДСМ, Стевчо Јакимовски, доби уште едно директорско место.
Откако Оливер Ромевски од оваа партија неодамна беше именуван за директор на Упрвата за хидрометеролошки работи, сега и партискиот потпретседател Горан Анчевски е именуван од страна на владата за нов директор на Фондот за осигурување на депозити.
- Advertisements -
Веднаш по влегувањето во владината коалиција по последните парламентарни избори, на кои ГРОМ освои еден пратеник (Чедомир Саздовски), партијата го назначи Љупчо Пренџов за заменик-министер за локална самоуправа.