ГРОМ бара да се санкционира Лупевска: Однесувањето и беше под ниво на маалска кавгаџика

by fokus

Од партијата ГРОМ го осудуваат интервјуто кое вчера му беше направено на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, и ја обвинуваат новинарката на Телма, Снежана Лупевска, за арогантно однесувње. Од таму велат дека безобразното и насилничко владеење на СДСМ, како што стои во соопштението на ГРОМ, вчера можело да се види во целост преку интервјуто на Лупевска.

„Со своето арогантно и некултурно однесување, на моменти под нивото на маалска кавгаџика, госпоѓата Снежана Лупевска дефинитивно се самопрогласи за СДСМ-овски мегафон. Во очај и во немоќ да ги добие одговорите и да ги постигне поентите на нејзините налогодавачи од Илинденска Б.Б. на моменти прибегнуваше кон крајно невоспитано и вулгарно навредување на Мицкоски. Секогаш кога ќе се споменеше премиерот Зоран Заев, таа го прекинуваше соговорникот, иронизираше или ја менуваше темата, се со цел да не се упати некоја критика на нејзиниот нарачате“, велат од партијата.

ГРОМ бара Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да реагира и да го санкционира ваквото според нив неодговорно, навивачки и крајно некултурно интервју од страна на новинарката Лупевска, кое според нив не е во духот на објективното и независно информирање и спротивно на етичкиот новинарски кодекс.

Поврзани новости