871
Купче земја која го симболизира гробот на малиот Алмир денеска поставија демонстрантите пред Јавното обвинителство.
Демонстрантите побараа смена на обвинителката од Куманово која го води случајот и сметаат дека целиот правен систем потфрлил, затоа што не е одземен ниту мерцедесот со кој е удрено и убиено детето.
Тие го потсетија новиот обвинител Љупчо Јовевски дека обвинението од убиство во сообраќајна несреќа е сменето во негово време, а не со потпис на екс обвинителот Зврлевски.
ФОТО: ТВ Телма