627
Македонскиот прволигаш Шкендија синоќа доживеа убедлив пораз од Ред Бул Салцбург (3-0) во првот меч од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Со таков резултат, тетовци треба да се надеваат на вистинско чудо за реваншот кој се игра во вторник на стадионот „Филип Втори“ во Скопје.
Поранешниот член и капитен на Вардар, Бобан Грнчаров, реши да се пошегува на сметка на Шкендија, и според него, тимот од Тетово „добро“ се подготвил.
„Шкендија гази. Добро се спремиле… а дојде поозбилен клуб не знаат кај се“, напиша Грнчаров на својот профил на Фејсбук.