Грмотевиците предизвикале 20 пожари во Србија, петмина повредени, спасени 20 луѓе

by Fokus

Вонредна состојба е прогласена на целата територија на градот Сремска Митровица, на целата територија на општините Шид и Рума поради последиците од невремето, пренесоа српските медиуми.

Од полноќ до 12 часот припадниците на Противпожарната бригада имале 33 интервенции при што изгаснат еден пожар кој настанал од удар на гром, 26 интервенции за отстранување на паднати дрвја и шест интервенции за отстранување на лимени покриви и други.

Во 33 интервенции ангажирани се вкупно 53 пожарникари-спасувачи со 21 возило.

Од почетокот на невремето, припадниците на Министерството за внатрешни работи СВС интервенирале во вкупно 234 интервенции и тоа гаснење пожари предизвикани од удари од гром (21 пожар), отстранување на паднати дрвја (166 интервенции) и 24 интервенции – отстранување на лимени покриви и други, пренесоа српските медиуми.

Во сите интервенции беа спасени 20 лица (12 во Нови Сад, 4 во Крагуевац, 2 во Ниш, 1 во Смедерево и 1 во Белград). 5 повредени лица (2 во Књажевац, 2 во Крагуевац и 1 во Нови Сад).

Во 234 интервенции ангажирани се вкупно 558 пожарникари-спасувачи со 224 возила.

Поврзани новости