Да се прошири опсегот на Законот за рестриктивни мерки, со што ќе се прошири и дополни законот со процедура врз основа на која изречените санкции од САД ќе бидат процесуирани во домашното законодавство.
Со тоа, оние лица кои се ставени на црна листа на САД ќе можат да се санкционираат и во македонското законодавство.
Ова вечерва во Дневникот на МРТВ го рече заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
“Договорот за стратешко партнерство помеѓу САД и Република Северна Македонија, во еден дел се однесува и на борбата со корупцијата и организираниот криминал, и токму затоа ја поткренав таа иницијатива да се прошири опсегот на рестриктивни мерки, да се однесува за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам, а координативното тело одлучи да се вметнат и хибридните дејствија против државата.
И да се олесни законската процедура, според македонскиот легален систем за оние лица кои се ставени на црна листа, да се процесираат во македонското законодавство“, рече Грковска.