Грковска: Груби пак ќе биде опоменат за користењето службени простории за партиски средби, може да има и други мерки

by Fokus

Вицепремиерката задолжена за политикиа за добро владеење Славица Грковска најави дека на вицепремиерот и министер за политички систем и однос меѓу заедниците Артан Груби ќе му биде повторно изречена опомена за непочитување на Етичкиот кодекс.

Ваквата реакција од Грковска следи откако 360 степени вчера објави дека наместо во партиското седиште, лидер на ДУИ Али Ахмети со европските дипломати од т.н. Вајмарска тројка се сретна во просториите на министерството за политички систем.

„Жал ми е што и покрај опомената што ја изрековме првиот пат има повторување на истото, во тој случај ние покрај тоа што повторно ќе искажеме опомена ќе го информираме премиерот дека се повторува праксата државни простории да се користат за партиски институции, а тоа воопшто не е во линија не само во рамките на одредбите на етичкиот кодекс, туку и во однос на насоките и определбата на поделба на партија од државата.

Треба да бидеме уште повеќе посветени да ставаме јасна дистинкција што е партиска, а што државна активност, исто така размислувам дали има можности и за други мерки и реакции, но за тоа кога ќе бидам сигурна и кога ќе одлучам што понатаму во овој аспект“, рече Грковска.

 

Поврзани новости