Грк најден мртов во автомобил на паркинг на „Богородица“

by fokus

Грчки државјанин на возраст од 59 години бил најден мртов во автомобил на паркинг на терминалот во близина на граничниот премин „Богородица“, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен во полициската станица Гевгелија, а според пријавата, починатиот грк бил најден вчера наутро во 8 часот и 15 минути во автомобил „Хјундаи“ со грчки регистарски ознаки.

Лекар од гевгелиската Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото на настанот извршиле екипи од ОВР Гевгелија. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Поврзани новости