Петнаесетина претставници на комунални претпријатија од словенечки општини деновиве присуствуваа на практична презентација на можностите на две машини од палетата на „Грин Машинс“, која се одржа во рамките на „Отворените денови на ’Грин Машинс’“, кои се организираа во Ново Место, во близина на Љубљана.
„Впечатокот на присутните по презентацијата, беше дека токму со ваков тип на возила, дополнително ќе се подигне нивото на хигиена во словенечките општини, а Словенија ќе продолжи да важи за една од најеколошките и најчистите земји во Европа и во светот. Практичната презентација на можностите е вистинскиот начин да ги доближиме машините до заинтересираните клиенти. Техничките перформанси на двете возила се одлични, капацитетот на собирање на отпад е соодветен и дефинитивно овие возила одговараат на тенденцијата за подигнување на продуктивноста при отстранувањето на отпадот во урбаните средини. Сметаме дека присутните претставници од комуналните словенечки претпријатија имаа одлична можност да се уверат што сè можат да направат возилата на ’Грин Машинс’ и дека се задоволни од тоа што го видоа“, велат претставниците на „Грин Машинс“ кои ја извршија презентацијата.
Во оваа прилика беа презентирани моделите GM500ze и GM414RS. GM500ze е еден од најпродаваните производи од линијата „Грин Машинс кое што еднократно може да собере до 1 метар кубен отпад. GM 414 RS e рачно управувана метларка, со можност за инсталација на седиште, а со едно поминување покрива површина во ширина од 1,2 метри.
ПР текст