620
Шведската активистка Грета Тунберг денеска со еколошко пловило катамаран пристигна во Лисабон по три недели пловење по Атланскиот океан, од каде ќе го продолжи патот кон Мадрид каде што се одржува Конференција за климатски промени на ОН.
Грета пристигува од САД во Лисабон каде што ќе се сретне и со други активисти.
Еколошкиот катамаран „Вагабонде“ со кој патува Грета е долг 15 метри и користи соларни панели и хидрогенератори за струја. Таа одбива да патува со авион, бидејќи смета дека тоа превозно средство многу ја загадува околината.