Гренел: Треба да се стремиме кон економски развој, идејата за меѓусебно признавање е смешна

by irena 22:31
22:31

Пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, изјави дека администрацијата на Доналд Трамп ќе пристапи кон прашањето за Косово чекор по чекор и додаде дека, според негово лично мислење, идејата за меѓусебно признавање е смешна и дека треба да се стреми кон економски развој.

„Мислам дека ќе одиме чекор по чекор. Секако дека сме целосно ангажирани во овие прашања, но како што реков, работиме на економски развој низ целиот свет. Тоа е фокусот“, рече Гренел во интервју за Клан Косова.

На прашањето дали планира да се врати на стари теми како што е корекција на границите, Гренел рече дека „нема враќање назад од ништо“ и дека плановите отсекогаш биле економски план.

Слични вести