0
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за мисии, Ричард Гренел, денеска истакна дека за време на претседателскиот мандат на Џо Бајден, односите меѓу САД и Косово се влошиле и потсети дека премиерот Курти, го поддржал Бајден и Камала Харис, која ги критикуваше неговите потези, објави Телеграф.
„Односите на САД со Косово настрадаа за време на претседателствувањето на Џо Бајден. Стејт департментот и Белата куќа на Бајден ги критикуваа постапките и неспособноста на Курти да ја развие економијата на Косово“, напиша Гренел на платформата Х.
Тој нагласи дека Курти избрал политички битки и преземал еднострани акции.
„Тој ги доведе односите меѓу Косово и САД на ниско ниво.“