Грејната сезона ќе почне порано, ако средната температура се спушти на 12 степени

by fokus

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) соопшти дека доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, грејната сезона може да започне и порано односно на 1 октомври.

– Официјално грејната сезона започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната година, но доколку добиеме податоци од УХМР дека прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови веднаш РКЕ ги известува снабдувачите со топлинска енергија со насока да стартуваат со испорака, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во моментов се прават ладни проби за да може без проблем да започне испораката на топлинска енергија – информираа снабдувачите на одржаниот координативен состанок со РКЕ.

Поврзани новости