Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, минатата седмица во грчкото Министерство за надворешни работи оддржал состанок со високи дипломати, за да ги разгледаат следните чекори од Атина, земајќи ги предвид изјавите на Зоран Заев за евентуално замрзнување на дел од Договорот од Преспа, а поконкретно одредби поврзани со отворање на пристапнте поглавја, објави грчка „То Вима“.
-Генералната проценка што беше формирана е дека тврдиот став на францускиот претседател ја убива агендата на Солун од 2003 година, што беше еден од најважните моменти од грчката дипломатија. Поради тоа, грчката влада треба да најде начини на пристап како со Северна Македонија, така и со останатите земји од таканаречениот „Western Balkans 6“ со цел да се потврди водечката улога на Грција во регионот“, пишува „То Вима“.
Весникот додава дека Атина разгледува начини за координирање на активностите и со другите балкански земји членки на ЕУ – Бугарија, Хрватска и Словенија, а Грција веќе презела и директни чекори и кон Скопје и кон Тирана, меѓу кои и „неформални телефонски контакти со Северна Македонија, кои ќе се интензивираат во следниот период“.