Грчките земјоделци утре ќе го блокираат граничниот премин Евзони

by Фокус

Земјоделците од северниот дел на Грција за утре напладне закажаа протест на граничниот премин Евзони, Богородица кон Македонија, со што од 12-12.30 сообраќајот ќе биде блокиран.

Во моментов на Евзони се паркирани околу 100 трактори и 5 комбајни.

– Утре ќе се одржи голем земјоделски собир на граничниот премин Евзони со учество на активните блокови од областа централна Македонија, но ќе дојдат и други, од подалеку. Ќе започне околу 13-13.30 часот и ќе заврши според тоа колку говори ќе има, немаме одредено време кога ќе заврши, но сигурно ќе трае два-три часа – вели Томас Карпидис, претседател на земјоделското здружение од областа Пеониа.

Според најавите, граничниот премин ќе биде затворен, се очекува големо учество на земјоделци со земјоделски возила, а блокадата ќе трае се додека не заврши протестот.

По големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците рекоа дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, земјоделците од Северна Грција се најактивни.

Поврзани новости