Грчките власти спасиле 48 мигранти од чамец на надувување во близина на Лезбос

by Fokus

Грчките власти денес соопштија дека спасиле 48 мигранти од гумен чамец во близина на островот Лезбос, во близина на турскиот брег.  За време на патролирање, брод на крајбрежната стража забележал чамец со мигранти, се наведува во соопштението.

Екипажот „изврши евакуација на 48 странски државјани, кои потоа беа пренесени во пристаништето Митилини“, административен центар на Лезбос.

Грчката крајбрежна стража евакуираше десетици мигранти од бродот во близина на Пелопонез

„Тројцата спасени мигранти се превземени со возило на брза помош и однесени за прва помош во Општата болница во Митилена, каде се уште се хоспитализирани“, се додава во соопштението.

Крајбрежната стража не ја прецизираше етничката припадност на спасените, но објавеното видео на YouTuбе покажа дека повеќето од нив се Африканци. Преполниот чамец на надувување потона, соопшти крајбрежната стража.

Грција забележа пораст на пристигнувањето мигранти во последните недели од Турција, главно по морски пат, во услови на поповолни летни услови за пловење.

Фото: Ројтерс

Поврзани новости