Грчките епидемиолози велат дека е рано да се укине карантинот

by Fokus

Проценката е дека епидемиолошката слика не дозволува укинување на карантинот, сметаат грчки епидемиолози во интервјуата за медиумите во Грција и предупредуваат дека олабавувањето на рестриктивните мерки треба да биде барем една седмица подоцна, односно на 14 декември, јави дописничката на МИА од Атина.

Карантинот во Грција минатата седмица беше продолжен до 7 декември, а голема е веројатноста да има и ново продолжување за уште една седмица, односно до 14 декември.

Претседателот на лекарската комора на Грција и член на надлежната комисија Атанасиос Ексадактилос за телевизијата „Антена“ вели дека не може со 600 пациенти приклучени на апарати да има укинување на рестрикциите.

– Ќе треба бројката од 600 кои се на апарати да се намали на двоцифрен број. Шесто е огромна бројка, поголема од бројот на кревети со кои земјата располагаше пред една или две години. Лани овој период имавме 550 кревети на Интензивна нега за сите, а сега само за Ковид-19 имаме 600. Овој број треба да се намали, а исто така да се намали и бројот на оние кои се лекуваат, кои се неколку илјади, вели Ексадактилос и објаснува дека надлежната комисија при Министерството за здравство на Грција не стигнала до одлука за продолжување на карантинот, но не ја исклучи можноста да се укине на 14, а не на 7 декември.

Поврзани новости