Грчкиот професот Јанис Армаколас на дебата во Скопје за името

by fokus

Јавна дебата посветена на спорот меѓу Македонија и Грција околу името насловена „Каде е јазот: Името ли е или непознавањето едни со други?“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Дебатата е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и Евротинк – Центар за европски стратегии, а целта е да се отвори темата за соработката, односно комуникација меѓу Македонија и Грција надвор од официјалните канали на институциите на двете држави.

Колку знаеме едни за други?, Дали ксенофобичните изјави на поединци може да влијаат на перцепциите на генералната јавност во двете земји и како да се корегира тоа? Дали „ново-настанатата“ историја, налик на проекти како „Скопје 2014“ е трајна и колку таквите наметнати ставови влијаат врз обидите за наоѓање заедничко решение во спорот за името прифатливо за двете страни? се темите на кои ќе се разговара на дебатата.

На дебата ќе се обратат професорот Јанис Армаколас од ЕЛИАМЕП, Грција, Ева Елерат од Фондацијата Фридрих Еберт, универзитетскиот професор Ана Чупеска и Љупчо Петковски од Евротинк – Ценрар за европски стратегии.

Модератор на дебататат е новинарот Васко Попетрески.

Поврзани новости