532
Грција нема да прифати своеволни толкувања на Преспанскиот договор од страна на владата во Македонија, рекол денеска грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, за време на неговата средба со неговиот словенечки колега, Борут Пахор.
Како што пренесува „Катимерини“, неговата реакција доаѓа по вчерашната изјава на премиерот Заев дека Македонците во Грција ќе имаат право да го изучуваат македонскиот јазик.
-Ние не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа коишто се своеволни, бидејќи уште ништо не е завршено, изјавил Павлопулос.