Грчкиот Парламент денеска ќе гласа за предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата

by Fokus

Грчкиот Парламент, по тридневна расправа, попладнево ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на актуелната Влада.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, поради скандалот со прислушувањата во земјата, во средата достави предлог за гласање недоверба на Владата.

На гласањето ќе му претходат говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

За да биде изгласан предлогот на СИРИЗА и Владата да добие недоверба, потребно е мнозинство од 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има 156 пратеници.

Поврзани новости