Грчкиот министер за туризам: Првите туристи во Грција ќе бидат од нашето соседство

by Fokus

Сигурно говориме за земји од нашето соседство, од овие земји ќе биде и полесно да дојдат туристи, вели министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис во однос на тоа кои ќе бидат првите туристи, за кои земјата ќе дозволи влез на 15 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Теохарис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ објасни дека на конечната листа со земји, што сѐ уште не е финализирана, работи експертска комисија на епидемиолози.

Било побарано, да се разгледаат балканските и балтичките земји, земјите од северна Европа, Германија, Израел, Кипар, како и други земји од поширокиот регион.

– Во првата фаза, очекуваме од Националната организација за јавно здравје да ни достави листа со земји за кои смета дека епидемиолошките податоци се такви што дозволуваат туристите со соодветната безбедност да пристигнат во Грција, објасни грчкиот министер за туризам.

Тој додаде дека конкретната листа за првата фаза, се очекува да биде подготвена пред крајот на месецов.

За втората фаза, на 1 јули, кога ќе се отворат сите грчки аеродроми за туристи, ќе биде подготвена нова листа со земји, за кои ќе има забрана, но листата повторно и редовно ќе се разгледува.

Поврзани новости