Како да го напуштиме „грчкиот воз“, а да го фатиме европскиот правец? Многу едноставно! Да не се качуваме на „грчкиот воз со бугарско знаме“! Да го оставиме да замине. Нека оди во неповрат. Наше е да најдеме „разумни соговорници“ во Бугарија и како со „глуви“ да разговараме, со цел да ги соголиме бугарските бандити пред домашната бугарска јавност. Така, наместо да имаат политички бенефити од „македонското прашање“, тие ќе изгубат токму на тоа прашање. Со тоа веднаш ќе ги напуштат позициите на вето и ќе станат први доброволци за „разумни разговори“.
Пишува Петар БОГОЈЕСКИ, политички и граѓански активист Бугарија има проблем да ја прифати реалноста за постоење на македонската нација и јазик, а Македонија има проблем да ја прифати историската вистина. Декларативно, Бугарија изјавува дека ја признава реалноста, но никако да најде начин како тоа да го направи. Исто така, ние декларативно изјавуваме дека имаме желба да ја објективизираме нашата историја, но никако да најдеме начин како тоа да го направиме. Единствено останува меѓусебно да си помогнеме, двете држави и нации. Ако не знаеме како тоа да го направиме, ќе се вклучи меѓународниот фактор, ќе ни назначи медијатори, по што ќе дојдеме до решение по принципот на „стокова размена од праисторијата“, дај овца, земи секира. Во нашиот случај, дај ми парче историја, земи парче иднина. „Грчкиот воз“ киниса, овојпат под бугарско знаме. Ветото е реалност, без разлика што Бугарија по жестоки шамари од Западот, се обидува да демантира и да го претстави како одлагање. Истото беше и со Грција на крајот на минатиот век. Секогаш така започнува. Сега е во тек втората фаза, борба за меѓународна поддршка на двете завојувани страни. Македонија ја изложи Бугарија дека врши асимилација во 21 век, и тоа во името и под знамето на Европската Унија. Тоа е скандал за Европејците и не знаат кој пат да го фатат. Бугарија, пак, се обидува секој ден со различна приказна, да најде оправдување за овој неразумен чекор. Најголем аргумент е „комунистичката вистина“ за Македонија и Македонците. Тука ние им влегуваме во уста, бранејќи ги Тито и југословенското наследство, ние си пукаме во глава, односно им го потврдуваме најголемиот аргумент на Бугарија против нас и им помагаме да обезбедат меѓународна поддршка за себе. Сосема исто како со Грција на времето. И повторно ќе дојдеме до нова „Преспа“, за која ќе потрошиме години и години, ресурси и ресурси, генерации и генерации. Како да го напуштиме „грчкиот воз“, а да го фатиме европскиот правец? Многу едноставно! Да не се качуваме на „грчкиот воз со бугарско знаме“! Да го оставиме да замине. Нека оди во неповрат. Наше е да најдеме „разумни соговорници“ во Бугарија и како со „глуви“ да разговараме, со цел да ги соголиме бугарските бандити пред домашната бугарска јавност. Така, наместо да имаат политички бенефити од „македонското прашање“, тие ќе изгубат токму на тоа прашање. Со тоа веднаш ќе ги напуштат позициите на вето и ќе станат први доброволци за „разумни разговори“. Како да дојдеме до добронамерници на бугарскиот политички простор? Повторно едноставно! Да им олесниме да имаат причина да бидат промотори на македонската вистина на домашниот пазар. Тоа е да се соочиме со нашите пропусти и недостатоци. Ние до денес немаме македонска национална доктрина, а упорно ја чуваме и промовираме југословенската доктрина како македонска. Никако да ја пресечиме папочната врвца со Југославија, да се преродиме и да продолжиме по сопствен пат. Онака како што направиле нашите илинденци и асномци, кога ја пресекле папочната врвца со Бугарија, се преродиле и тргнале по сопствен пат. Тоа што денешна Бугарија најмногу ја боли, за што скока како заклана кокошка. Тоа е т.н. македонски сепаратизам. Но, драги мои Македонци, ако сме имале сила и храброст да се сепарираме од Бугарија, ќе си најдеме сила и храброст да се сепарираме од Југославија. Друг начин нема. Мора да разбереме дека бараме пакт со Германија, моторот на Европската Унија, а не со „подмосковјето“, моторот на СССР. Во таа Европска Унија, фашизмот, нацизмот и комунизмот се подеднакво осудени. Без разлика што Југославија никогаш не била толку силно конектирана со СССР, а Тито не бил другар на Сталин. Бугарите им биле слуги, не ние. Цел свет знае. Но, без разлика, Југославија има свое комунистичко минато и свои темни страници, од кои мораме да се откажеме и да ги осудиме, ако сакаме да најдеме „разумни соговорници“ во Бугарија, кои ќе им објаснат на Бугарите дека многу грешат во односот со Македонија и Македонците. Така, денешните „вето перјаници“, како онаа душичката Екатерина, не само што ќе изгубат поткрепа во бугарското општество, не само што ќе немаат аргументи за напади врз Македонија, туку први ќе побрзаат да го фатат возот и да објаснуваат дека тие биле за компромис и европеизација на Балканот. Оваа наша домашна задача можеме многу лесно да ја исполниме. Само треба да сакаме. Ако не сакаме, дај да не се занесуваме дека сме за во Европска Унија. Енде! Ова ќе биде повеќе од доволно Бугарија да може да ја „голтне реалноста“. Проблемот е што Бугарија не ни помага ова да го направиме, не зашто се грижи за две историски споделени епизоди, Егзархијата и ВМРО, туку зашто бугарските јастреби сакаат да стои отворено македонското прашање, а тие на тоа прашање да добијат уште многу избори во иднина и да ја управуваат и ограбуваат Бугарија и Европската Унија. И да не очекуваме помош од тие „бугарски јастреби“, што ни подготвиле „грчки воз со бугарско знаме“. Тие Бога молат да се качиме на тој воз. А нашиве „јаки политичари“ за кои Вие гласавте, до тој степен се слепи и лакоми, што едвај чекаат да се повозат со тој „грчки воз со бугарско знаме“, зашто им нуди бесплатна тура до никаде. Ама штом е бесплатно, дај што ќе дадеш. Тоа е нивото на нашите политичари. Тука предничат секташите на Димче, мицињата, осоколените зајчиња и по некоја изгубена честитка од минатото, а сега вратена во живот. Престанете да им помагате на бугарските бандити! Престанете! Ќе ја доведете Македонија до нова национална катастрофа, како пред некоја година. Мораме сами да ја направиме објективизацијата, без бугарска поддршка. Токму за инат на бугарските бандити. За да им ја затвориме устата, да не клеветат пред светот. Да им дадеме аргументи на САД и Европа да ги дотепаат со шамари бугарскиве бандити, кои и онака секој ден ги „чувствува“ Екатеринчето на своите румени образи. Со тоа ќе им дадеме сила на „разумните бугарски дејци“ да направат вистински чекор кон прифаќање на македонската реалност. Не декларативен како сега. Ние објективизирани, тие реализирани, и двете страни соочени со реалноста, ќе немаме причина за кавга. Европската Унија ни е на дофат!
|