Грчки турист го видел параглајдеристот како паѓа и јавил на 112

by fokus

Директот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вечерва соопшти детали за холандскиот параглајдерист кој падна на Галичица.

Имено, грчки турист кој со возило се движел преку Галичица од Охрид кон Ресен најпрво забележал дека нешто не е во ред со параглајдерот, потоа видел како параглајдеристот се обидува да отвори падобран по што следел падот.

Грчкиот турист веднаш пријавил на 112 по што била известена Планинската спасувачка служба од Црвениот Крст во Охрид која веднаш се упатила кон местото на несреќата.

-Поради опасноста од дополнителни повреди при транспорт со возило по исклучително тешкиот и нерамен терен од ЦУК беше побарано да се обезбеди хеликоптер, рече Ангелов.

МВР имала дежурен хеликоптер кој по претходна координација се подготвувал да полета кон пожарот во велешка Отовица, но истиот го пренасочилее кон Галичица за транспорт на повреденото лице.

Поврзани новости