504
Вардарска Македонија ќе биде грчкиот предлог до македонската влада за решавање на спорот за името, пренесува грчкиот неделник „Риал њуз“.
Според весникот, грчката влада смета дека географската одредница „вардарска“ би ги исклучила сите иредентистички барања од македонска страна.
Според неделникот, алтернативен предлог на грчката страна можно е да биде и „Република Скопје“, кој македонската страна го има одбиено во преговорите во претходните години.