Грчки министер си поднесе оставка – отишол на одмор за време на големите пожари во земјата

by Fokus

Нотис Митаракис – грчкиот министер за заштита на граѓаните денеска си поднесе оставка. Како причина за поднесувањето на оставката ги наведе личните причини, јави грчката новинска агенција Ана.

„Тој вчера наутро е виден на далечен остров каде го започна својот одмор, се качи на брод за неколку часа, а потоа се врати во раните попладневни часови како сѐ да е во ред, додека капачите во областа се прашуваа дали убаво гледаат“, напиша денеска весникот „Катимерини“.

Како што соопштија од прес-службата на премиерот, на негово место ќе дојде досегашниот министер за алтернативно образование, религија и спорт, Јанис Економу.

Актуелната криза и влошената состојба предизвикаа оставка на грчкиот министер, јавуваат грчките медиуми.

Пожарот во околината на Волос кој предизвика експлозии во воен магацин денеска е ставен под контрола, соопшти Противпожарната служба.

Поврзани новости