Грчки министер поднесе оставка, отишол на одмор за време на пожарите

by Fokus

Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Нотис Митараки, поднесе оставка откако беше обелоденето дека бил на одмор додека во земјата беснеат огромни пожари.

Информацијата за одморот на Митраки и неговата оставка ја објави грчкиот весник „Катимерини“.

Во коментар на „Катимерини“ стои дека пожарите ја зедоа првата политичка жртва.

Митараки, кој порано беше одговорен за безбедносните сили на земјата, вклучително и крајбрежната стража, наведе дека оставката ја поднесува од „лични причини“, а премиерот Киријакос Мицотакис веднаш ја прифати.

Како што пишува „Катимерини“, тој бил надвор од Атина во моментот кога се водеа најголемите битки со огнот.

Митраки во четвртокот, бил забележан на јахта кај островот Патмос. Подоцна истиот ден се вратил во Атина.

„Тој се појави вчера наутро на далечен остров за да го започне својот одмор, се качи на брод неколку часа, а потоа се врати во раните попладневни часови како ништо да не е во ред, а капачите во областа се прашуваа дали гледаат правилно“, обкјави „Катимерини“ .

Владата е под лупа на опозициските лидери поради нејзината способност да ги контролира бесните шумски пожари, особено откако тој се прошири во четвртокот во воен магацин во централна Грција, на само километри од главната воздухопловна база, запалувајќи муниција и предизвикувајќи огромни експлозии.

„Бидејќи министрите почнаа да поднесуваат оставки од „лични причини“, дали некој размислува да преземе одговорност за сликите на колапс и уништување на кои сме сведоци деновиве?“, се вели во соопштението на Сириза, главната политичка опозициска партија.

Борбата со шумските пожари продолжува во Грција бидејќи температурите достигнуваат историски највисоки вредности. Шумските пожари беснеат во земјата веќе две недели, но се чини дека се под контрола, соопшти противпожарната служба.

Поврзани новости