Грчки хакери се фалат дека ја пробиле веб-страницата на НБРМ, оттаму негираат

by Fokus

Неточни се тврдењата дека е хакирана веб-страницата на Народната банка, во што може да се увери секој доколку ја посети www.nbrm.mk, соопшти вечерва централната банка.

Ова соопштение доаѓа откако грчки хакери се пофалија дека ја пробиле веб страницата на Народна банка, а оттаму велат дека во изминатиот период имало обиди за напад, но безбедноста не била во ниту еден момент нарушена.

„Народната банка, во склад со глобалните трендови постојано работи на зајакнување на отпорноста на информацискиот систем, преку зајакнување на сигурносните заштити и на сите останати потребни ресурси“, соопштија оттаму.

Поврзани новости