513
Младиот грчки фудбалер Јорданис Адамакис (22) загина во страшна сообраќајна несреќа кога се судриле два воза.
Амадакис кобниот ден бил на релација Атина-Солун, а според грчките медиуми неговото семејство не знаело дека тој бил во возот на смртта во моментот на несреќата.
Јорданис Адамакис кариерата ја започна во Врасида Неос Перам, во сезоната 2019/20 настапуваше за АОК, од каде се пресели во Нестос, а потоа се врати во претходниот клуб.
Тој накратко ги бранеше боите на Родос, од кој замина во Теспротос, со кој се раздели во јануари годинава.