Грчката полиција разби криминална група која крадела лекови за рак од болниците во земјата и ги шверцувала во други европски земји за да ги продава по исклучително високи цени, при што пациентите можеби останувале без лекови кои би им го спасиле животот, соопштија локалните власти.
Во операцијата се уапсени 21 лице на возраст од 22 до 70 години, а меѓу нив има и лекари и медицински сестри, стои во соопштението.
Тие се осомничени дека користеле лажни рецепти за да дојдат до лековите кои потоа ги испраќале во складишта во Италија, Германија и Швајцарија, каде лековите ги продавале со огромен профит.
Природата на злосторството укажува на „особено непочитување кон заедницата“, изјави портпаролот на полицијата Теодород Хронопулос, истакнувајќи дека престапниците „се воделе само според профит“.