Солза Грчева – екс пратеничката и лидер на партијата Глас за Македонија со свој коментар на вчерашните како што вели „жими мајка“ – ветувања на тројката амбасадори кои дојдоа во Скопје со порака Македонија да направи уставни измени
„Ќе направиме се што е во наша моќ да не добивате нови блокади“ ја пренесува Грчева пораката од министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка!
„На ваквата фраза можам само да се изнасмеам. НЕ МОЖАТ НИШТО“ вели Грчева.
Таа на социјалната мрежа Фејсбук додава:
„Турција отвори 26 од 33 поглавја и доби вето (вета) од Кипар кој едвај се гледа на карта.
Во 2019 ги прекина преговорите. Турција, втора армија во НАТО.
Треба да си со ампутиран мозок, па да поверуваш на ваквите `жими мајка` ветувања“, вели Грчева.