451
Поранешната пратеничка Солза Грчева во вечерашното готување на телевизија Канал 5 рече дека повеќе и верува на грчката дипломатија, додека изјавите од македонска страна биле нејасни.
-Мојата најоптимистичка прогноза се овие срамни преговори да пропаднат, бидејќи се доведува во прашање македонскиот идентитет. Потоа некоја друга влада да преговара со подобри ставови. Јас повеќе и верувам на грчката стамена, силна дипломатија. За изјавите од македонска страна ми треба толковен речник за да се сфатат. Оваа Влада од преголемата желба да го исполни она што го вети: брзо членство во НАТО и преговори со ЕУ прави отстапки и големи грешки од преголемо брзање, рече Грчева.